Oдредени шеширите – еве како котира Вардар и кои се можни ривали во ЛШ

Македонскиот шампион Вардар се најде во последниот, четврти шешир, пред ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите, што ќе се одржи утре од 11:00 часот во Виена.

Според правилата, два клуба од иста држава нема да може да играат во иста група, а со оглед на тоа што сега има ситуација кај мажите дека има три тимови од иста држава, повеќе од два не може да се најдат во иста половина од ждрепката, односно најмногу два од иста држава во дел А, Б и Ц групите, и најмногу два во групите Д, Е и Ф.

Вардар е во ист шешир со данскиот Архус, словенечкиот Целје, српскиот Партизан, швајцарскиот Криенс Луцерн и шведскиот Кристијанштад, па нема да игра со ниту една од овие екипи.

Големи се шансите во групата да има ривал од Франција и Германија.

Лига на шампиони, мажи, 2026/27:

шешир 1: Алборг, Барса, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг Лисабон
шешир 2: Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, ПИК Сегед, Келце
шешир 3: Загреб, Колстад, ГОГ Гудме, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт
шешир 4: Вардар, Архус, Целје, Партизан, Луцерн, Кристијанштад