Денеска во Минхен машката репрезентација на Македонија ќе ги дознае ривалите на Мундијалот во Германија.
Македонија е во вториот шешир пред ждрепката, но по распределбата на репрезентациите како домаќини по градовите, јасно е дека Македонија нема да игра во Штутгарт.
Таму од нашиот шешир ќе играат Италија и Франција, а тоа значи дека Македонија нема да игра против Египет или Аргентина од првиот шешир, кои ќе бидат распределени во Штутгарт, па за нашите момци останува некоја од европските велесили – Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија или Шведска.
Од третиот шешир би било добро ако ги избегнеме Полска и Бразил, па и Тунис, додека од четвртиот шешир меѓу добрите опции најлоша е Јапонија.
Ждрепката стартува од 18:00 часот.
шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија
шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, САД
шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија
Групи СП 2027 и градови-домаќини:
група А: Германија – Минхен
група Б: Италија – Штутгарт
група Ц: Хрватска – Минхен
група Д: Франција – Штутгарт
група Е: Шведска – Кил
група Ф: Португалија – Магдебург
група Г: Данска – Кил
група Х: Исланд – Магдебург
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________






















