Десниот бек на Вардар, Ивана Трифуноска, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 28. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на мечот против Астибо и беше меѓу најдобрите стрелци во убедливата победа.
Трифуноска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 81% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 28. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Пелистер, Марија Јанкуловска и Анастасија Тодоровска.

























