Со Вардар двапати беше дел од Ф4 во Лигата на шампионите, сега освои титула во Русија

Легендарната Ирина Дибирова ја освои првата титула со Ростов Дон во третата сезона на клупата на овој клуб.

Ростов Дон беше подобар од ЦСКА Москва со 3-2 во победи во финалната серија од рускиот шампионат.

Дибирова од 2023 година е на клупата на Ростов Дон, а по два неуспешни обиди, сезонава за неа беше „трета среќа“.

Со овој клуб има освоено трофеј во Купот на Русија минатата сезона, а додека беше предводничка на Вардар, освои две двојни круни во Македонија.

Со „црвено-црниот“ тим два пати беше дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта.