ЅВЕЗДА НА 27. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МИЛА ТРАЈКОВИЌ (ЧАИР)

Левото крило на Чаир, Мила Трајковиќ, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 27. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу најдобрите стрелци во убедливата победа.

Трајковиќ го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 67% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 27. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Спартак, Марија Јанкуловска и Ива Божиноска.