Македонските кадети славеа против Грциja на првата контрола

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше во првиот пријателски натпревар против Грција со 31-29.

Победата беше најавена уште по првиот дел кога македонските момци водеа со висока разлика, а вториот дел беше шанса да играат сите ракометари и за разни комбинации.

Ова беше првиот од двата меча што нашите кадети ќе ги одиграат во текот на подготовките за настапот на ЕП.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Грција се игра во текот на утрешниот ден од 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Момците на Горан Кузманоски ги чека тешка задача на континенталниот собир, бидејќи се во група со Шведска, Франција и Словенија.