Македонија против Србија за крај на ЕП

Селекцијата на Србија е последниот ривал на Македонија на Европското првенство во Романија за младинци.

Денеска е ден за разигрувањата за конечен пласман и поделбата на медалите во Клуж и Турда.

Maкедонија по несреќниот пораз од Полска на пенали, ќе разигрува за 19 место против Србија која игра шампионат за заборав и загуби од Турција, Грција, Летонија…

Момците на Игор Илиевски досега загубија од Данска, Норвешка, Хрватска, Австрија и Полска, а ги совладаа Летонија и Турција.

Мечот меѓу Македонија и Србија се игра утре од 11:00 часот.