Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел, РФМ…со честитки за историскиот успех на Охрид!

Ракометарите на Охрид ја совладаа вторпат екипата на Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот Куп и заслужено се радуваа на трофејот.

Охрид славеше со 31-25 во втората пресметка со унгарскиот тим и на доминантен начин го освои трофејот, а честитки пристигнуваат од сите страни за охридскиот клуб.

Шампионот Вардар, вицепрвакот Еурофарм Пелистер, потоа Бутел Скопје, па Ракометната федерација на Македонија, новиот женски суперлигаш Атлетик….упатија честитки по повод големиот успех.

Ова е петти трофеј во историјата на македонскиот ракомет, а го освојува четврта различна екипа.