Пилиповиќ: Овој град и овие навивачи заслужуваат трофеј!

Уште еден ден остана до реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп меѓу Охрид и Татабања во СРЦ „Билјанини Извори“.

Најдобриот голман во Ол Стар тимот за оваа сезона во изборот на 24Ракомет, Кристијан Пилиповиќ, смета дека тој и соиграчите мора да бидат фокусирани од старт.

„Мора да бидеме максимално фокусирани на нашата работа и оваа полна сала и енергија да ја искористиме на вистински начин. Верувам во победа. Едвај го чекаме натпреварот, сакаме да дадеме се од себе, јас само сакам да ги повикам навивачите да ни бидат ветар во грб, да бидат нашиот осми играч и заедно да стигнеме до победа и да славиме, бидејќи заслужуваат трофеј“, вели Пилиповиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Татабања се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 20:00 часот.