Македонија ќе игра во Светската лига во ракомет на плажа!

По седум години пауза, машката репрезентација на Македонија во ракомет на плажа, ќе биде одново активна. Македонија ќе биде дел од вториот турнир од Светската лига на ИХФ во градот Плоцк, кој беше избран за домаќин на втората станица од светската турнеја во ракомет на плажа.

Натпреварите ќе се играат на 13 и 14 јуни на плоштадот во Плоцк во стариот дел на градот, а учество ќе земат осум селекции во машка и женска конкуренција. Во машкиот дел ќе настапат репрезентациите на Полска, Германија, Чешка и Македонија, додека кај дамите ќе играат Полска, Германија, Чешка и Франција.

За Франција, Чешка и Македонија ова ќе биде дебитантски настап на турнејата. Првата етапа од сезоната се одржа во Загреб, каде титулите ги освоија женската репрезентација на Португалија и машката селекција на Хрватска. Победниците од турнирот во Плоцк директно ќе обезбедат место на завршниот турнир на глобалната турнеја, кој ќе се игра подоцна оваа година.

Покрај натпреварите, организаторите најавија и дополнителни активности, меѓу кои младински турнири, спортски кампови за деца и ревијални натпревари.

Распоред на натпревари:

Сабота, 13 јуни

Мажи:
10:30 Македонија – Чешка
12:30 Полска – Германија
17:30 Германија – Македонија
19:30 Чешка – Полска

Жени:
09:30 Германија – Франција
11:30 Полска – Германија
16:30 Чешка – Франција
18:30 Полска – Германија

Недела, 14 јуни

Мажи:
11:00 Полска – Македонија
12:00 Германија – Чешка

Жени:
09:00 Германија – Чешка
10:00 Франција – Полска

Мажи:
16:00 Натпревар за трето место
18:00 Финале

Жени:
15:00 Натпревар за трето место
17:00 Финале

Мажите последен пат репрезентативно играа на ЕП 2019 во Полска, додека дамите играа на тоа ЕП, но и на ЕП 2023 во Португалија.