Лоши вести за Татабања пред реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп против Охрид на 31 мај.
Унгарскиот тим остана без еден од своите важни ракометари, Матеј Хавран, кој заработи тешка повреда на првиот натпревар.
Хавран ги скина предните вкрстени лигаменти на дуелот против охриѓани и сигурно нема да му биде на располагање на својот тим за реваншот во СРЦ „Билјанини Извори“.
И покрај сериозната повреда, Хавран ќе допатува со екипата во Охрид и од трибините ќе им дава поддршка на своите соиграчи во битката за европскиот трофеј.
Натпреварот меѓу Охрид и Татабања ќе се одигра на 31 мај од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

























