Деспина со победнички крај на сезоната

Тимот на Деспина имаше победнички крај на сезоната во прволигашката конкуренција, откако славеше кај Стружанка со 28-27.

По израмнетиот прв дел, кога беше 15-15, исто така се играше гол за гол и во првите десетина минути од второто полувреме, 18-18.

Потоа гостинките го искористија падот на Стружанка и со серија голови отидоа на плус шест, 26-20, водство што се покажа клучно на крајот.

Во последните десетина минути домаќинките се доближија, но немаше време за нешто повеќе од минимален пораз.

На крајот Деспина завршува на четвртото место со 26 бодови, додека Стружанка имаше уште еден натпревар за играње против Шампион.