Тренерот на Татабања, Тот Едмонд, и покрај поразот од Охрид, останува оптимист пред реваншот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.
Унгарскиот стратег истакна дека ниту во еден момент не се посомневал дека неговиот тим може да се врати во натпреварот, иако имал негатива од седум гола. На крајот Охрид славеше со 29-28.
„Ниту еден момент не се сомневав дека ќе се вратиме во натпреварот, иако противникот водеше со седум гола разлика. Ни требаше време да го пронајдеме ритамот. Во првото полувреме постигнавме само осум гола, а во второто дури 20. Кога станува збор за Европскиот Куп, секогаш велам дека мора да се размислува за двомеч. Можеби за реваншот ќе биде уште помотивирачки што стартуваме со минус еден, наместо со плус еден гол“, изјави Тот.
Реваншот меѓу Охрид и Татабања се игра в недела со почеток од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

























