Иако одамна е суперлигаш, тимот на Атлетик мора да ги доработи сите натпревари до крајот на Првата лига.
Избраничките на Татјана Хмирова славеа против составот на Јехона со 39-10, а овој натпревар наликуваше на сите на Атлетик сезонава.
По првиот дел беше 17-4 за Атлетик, а во вториот дел новиот суперлигаш доминираше уште повеќе и постигна дури 22 гола.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Калина Темелкова со девет и Моника Босилковска со седум гола.























