Ѓорче Петров 2 се загрева за суперлигашкиот бараж

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 прославија уште една убедлива победа во прволигашката конкуренција.

Младите „лавици“ го победија составот на Шампион со 39-17 и веќе почнаа да се загреваат за суперлигашкиот бараж против Пелистер.

Победниокт беше решен уште по првото полувреме кога домаќинките водеа со 21-8, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Димоска и Сара Ристовска со по девет гола, а кај Шампион шест гола даде Далила Зекир.