ЅВЕЗДА НА 25. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИВАНА ТРИФУНОСКА (ВАРДАР)

Десниот бек на Вардар, Ивана Трифуноска, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 25. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу најдобрите стрелци во високиот триумф.

Трифуноска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 87% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 25. коло беа уште и членките на Спартак и Ѓорче Петров, Анастасија Николовска и Емилијана Ризоска.