Ѓорче Петров 2 ќе игра бараж за Супер лига – го освои цел плен покрај езерото

Тимот на Ѓорче Петров 2 и математички го обезбеди пласманот во баражот за Супер лига откако славеше кај Стружанка со 34-18.

По поразот на Овче Поле СУ во Прилеп, а по триумфот во Струга, младите „лавици“ го осигураа второто место на табелата што носи уште еден меч за елита.

Сега Ѓорче Петров 2 е недостижен на второто место 34 бода и два меча до крајот, додека Овче Поле СУ има 30 бодови на третото место.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кристина Наумовска со осум и Марија Димоска со пет гола, додека Тијана Переска броеше до 11 за домашниот состав.