Тимот на Деспина оствари победа над Овче Поле СУ со 31-28, иако гостинките од Свети Николе важеа за фаворитки на овој натпревар.
Мечот од 26 коло во Првата женска лига беше решен во последните пет минути, кога прилепчанки ја направија клучната предност за победата.
Иако гостинките водеа со шест гола во повеќе наврати, на паузата водеа само со гол, 16-15, а во 55 минута беше 28-28.
Тогаш прилепчанки погодија два пати по ред преку Христоска и Ристеска, па една од најдобрите кај Овче Поле СУ, Сентовска, заработи црвен и син картон по приговорите кај судиите, а во последната секунда Ристеска стави точка за победа на Деспина.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Ристеска со 11 и Христоска со седум гола, додека кај Овче Поле СУ, Сентовска погоди осум пати.
На табелата Овче Поле СУ остана трет со 30 бодови, а Деспина е едно место подолу со 24 бода.

























