Јанкуловска игра во животна форма – Славија Прага на чекор до титулата во Чешка!

Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска игра во одлична форма во финишот на сезоната во чешкиот шампионат.

Нејзиниот тим Славија Прага славеше во првата средба од финалето на плеј-офот кај Хазена Кинжварт со 29-27.

Јанкуловска, како и на претходните средби, и овојпат беше најдобра на теренот и успеа да постигне седум гола, од кои три од пенал.

Утре се игра втората средба од финалната серија, на која со победа, Славија Прага и Јанкуловска ќе бидат шампиони на Чешка.