Македонија се пласираше на уште едно големо натпреварување – осмо СП по ред, а вкупно 16 по ред ако се земат во предвид и ЕП од 2012 па наваму.
Првиот човек на македонскиот ракомет, Александар Стефанов, беше радосен и задоволен по обезбедениот Мундијал.
„Пласман на уште едно големо Светско првенство, го одржуваме континуитетот, националниот ден на ракометот е крунисан со една победа. Радосни сме, среќни сме, мислам дека цела нација денес се радува. Одиме на СП и ќе се бориме таму, се надевам на уште поголеми успеси и во иднина“, вели Стефанов.
Тој вели дека фаворитската улога беше оправдана и дека играчите го одработија тоа што се очекуваше од нив.
„Имаше голема масовност на овој меч, пред мечот имаше многу деца, видов многу убави работи, имавме еден поинаков меч од она што сме навикнати од претходно, една атмосфера релаксирана и убедлива победа. Бевме фаворити пред двомечот, мислам дека го оправдаме тоа и одиме понатаму. Горди сме на играчите, го дадоа срцето на терен, одиграа тоа што се очекуваше и бараше од нив и ја оправдавме фаворитската улога“, заврши Стефанов.
Ждрепката за групите на СП ќе се одржи на 10 јуни во Минхен.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























