Седлоска и Локомотива Загреб сребрени во Хрватска

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, го освои второто место во хрватскиот шампионат.

Во вториот сезонски меч со новиот првак Подравка, Локомотива Загреб загуби со 34-25, а ова беше втор пораз во меѓусебните двобои.

Тоа беше доволно за 48 бодови за второто место, додека Подравка го заврши првенството со 52 бода на лидерската позиција.

Седлоска на мечот со првакот успеа да постигне два гола во противничката мрежа, а наредната сезона тимот од Загреб одново ќе игра во Лигата на Европа.