Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше против Деспина со убедливи 32-22 во натпревар од 25 коло во прволигашката конкуренција.
Младите „лавици“ сега се во пол-позиција за бараж за Супер лигата, бидејќи имаат 32 бода на второто место, пред Овче Поле СУ, кој е трет со 30, но има и меч повеќе.
На паузата Ѓорче Петров 2 водеше со 21-9 и ги имаше решено дилемите околу победникот на овој дуел, а вториот дел беше само формалност и шанса да играат сите ракометарки.
Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Кристина Наумовска со седум гола, а по пет пати погодија Марија Димоска и Ева Ѓорѓиевска, додека кај Деспина искусната Мери Гичева даде сум, а Маја Ристеска шест гола.

























