Овче Поле СУ ја продолжува трката за бараж – Сентовска даде 14 гола

Тимот на Овче Поле СУ ја продолжува трката за суперлигашки бараж, откако славеше над Јехона со 49-21.

Сега тимот од Свети Николе има 30 бодови на третото место по 22 меча, додека исто толку има и Ѓорче Петров 2 на втората позиција, но има и два меча помалку.

Домаќинките по првиот дел имаа водство со 23-7, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.

Предводник на составот на Овче Поле СУ беше поранешната кадетска репрезентативка Анастасија Сентовска со 14 погодоци, а осум даде Нина Крстевка, додека кај Јехона, Алтина Хасани беше стрелец на шест гола.