МВП НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – КРИСТИЈАН ДАВИТКОВСКИ (ПРОЛЕТ)

Десниот бек на Пролет, Кристијан Давитковски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Поранешниот член на Бутел Скопје, Пелистер, Металург, Борец…беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Радовиш на домашен терен.

Тој освои дури 74% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Кристијан Пилиповиќ кој освои 6% од гласовите.

Номинирани за МВП на 8. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Мохамед Азиз, Томислав Квастек, Петар Атанасијевиќ, Игор Ѓорѓиев и Дарко Ѓукиќ.