Денеска во центарот на вниманието ќе биде единствениот натпревар од прволигашката конкуренција кај дамите.
Тимот на Атлетик го пречекува составот на Стружанка во натпревар од 25 коло и на овој меч ќе го добие пехарот за првото место во лигата од РФМ.
Атлетик досега има само еден пораз во 20 натпревари и од идната сезона ќе игра во суперлигашката женска конкуренција.
Натпреварот меѓу Атлетик и Стружанка се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 АТЛЕТИК – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
























