Тимот на Славија Прага, каде што настапува македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, израмни на 1-1 во победи во полуфиналето на чешкиот плеј-оф во серијата со Бањик Мост.
Славија Прага имаше убедлив пораз од првата средба, губеше и на вториот меч со висока разлика, но на крај се избори за реми, 23-23, па победникот се решаваше на пенали.
Стрелец на клучниот погодок вреден триумф и продолжување беше токму македонската репрезентативка Јанкуловска.
Таа беше меѓу најдобрите во победничкиот тим и успеа да постигне пет погодоци во противничката мрежа.
Мајсторката ќе се игра на 13 мај.























