Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат полуфиналните средби на Светското првенство во училишен ракомет што се игра во Скопје.
Македонските кадетки кои досега запишаа четири победи, во полуфиналето ќе се сретнат со Турција, која на патот до овде ги елиминира Србија и Германија.
Избраничките на Даниела Новеска славеа против Словачка, Грузија, Белгија и Бразил, а сега ќе се обидат одново да ја израдуваат македонската јавност.
Кадетите на Горан Кузманоски, кои претходно имаа настап и на Медитеранското првенство во Словачка, продолжуваат во турбо ритам.
Ги победија сите четири ривали во групната фаза – Република Српска, Саудиска Арабија, Грузија и Бугарија, а сега ќе го имаат најголемиот предизвик – Србија.
Четирите полуфинални средби во машка и женска конкуренција, меѓу кои и двете на Македонија ќе се одиграат во салата „Македонско сонце“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА (СП УЧИЛИШЕН РАКОМЕТ)
12:30 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА (СП УЧИЛИШЕН РАКОМЕТ)

























