Лоши вести пристигнуваат за српската репрезентација, откако Лазар Кукиќ заработи повреда на полуфиналниот натпревар од Купот на Унгарија.
Средниот бек на ПИК Сегед се повреди во финишот на првото полувреме на дуелот против Веспрем, откако по постигнат гол се фати за рамото на шутерската рака.
Претходно, во еден дуел, врз него падна корпулентниот Патрик Лигетвари, по што Кукиќ почувствува болка, но продолжи да игра. Сепак, во следниот напад ситуацијата се влоши и тој мораше да го напушти теренот.
Според првичните реакции и изразот на лицето на Кукиќ, повредата не изгледа наивно, што предизвикува сериозна загриженост, особено пред претстојниот бараж двомеч на Србија предводена од Раул Гонзалез против Унгарија за пласман на СП.
Во наредните денови се очекуваат дополнителни информации за тежината на повредата и колку време Кукиќ ќе биде надвор од терените.

























