Абделхак: Вардар е клуб со голема историја – правам огромен чекор напред во мојата кариера

Друштво на Урош Митровиќ наредната сезона на десната бековска позиција ќе му прави египетскиот репрезентативец Мохаб Абделхак.

„Фараонот“ по настапите во Франција и Германија, кариерата ќе ја продолжи во Македонија во двократниот европски првак.

„Овој трансфер во Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.

Првите големи чекори ги направи во Ал Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, каде што продолжи да се развива во едно од најквалитетните европски првенства.

Добрата игра во Франција му донесе и трансфер во Кил, а на лето заминува од бундеслигашот и ќе дојде во Скопје.

Вардар се засили со десен бек – доаѓа од Бундес лигата!