Унгарскиот првак Веспрем славеше во најголемото дерби на тамошниот ракомет над ПИК Сегед со 30-24 и го обезбеди првото место по регуларниот дел.
Иако гостите водеа со 14-11 на паузата, сепак Веспрем направи голем пресврт во второто полувреме, ПИК Сегед остана само на десет постигнати гола и немаше шанси за нешто повеќе на овој меч.
За тоа време бековите Мартиновиќ (7) и Хешам (6) постигнуваа голови, беа помогнати од Елдера и Адел со по четири, па Веспрем сега може мирно да ги одигра последните четири меча од регуларниот дел пред финалниот плеј-оф.
Веспрем е прв на табелата со 44 бода, ПИК Сегед има 37 на второто место и овие две екипи ќе се борат за титулата, иако Татабања има шанси со 34 бода на третата позиција да му го загорчи животот на тимот од Сегед, но треба да се случи чудо, ПИК Сегед да загуби два пати во последните четири кола.
Јасно е дека Веспрем ќе биде фаворит за тронот, и доколку биде 1-1 во финалната серија, ќе ја има предноста на домашен терен во мајсторката.

























