Тимот на Охрид во финишот од сезоната ќе биде посилен за јапонскиот среден бек Косуке Јасухира.
Тој се враќа во Македонија по две сезони, а сега ќе има можност да заигра и против поранешниот клуб Вардар.
„Пресреќен сум што се враќам во Македонија. Во тимот имам добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Јасухира.
Дебито за Охрид ќе го има против Тиквеш, а ќе настапува и во Купот на Македонија и во ЕХФ Европскиот Куп.









