Стрмљан со гол во последна секунда му донесе победа на Охрид среде Битола

|
19:48
Share on Facebook

Со гол во последната секунда средниот бек Тилен Стрмљан му донесе победа на Охрид на дербито во Битола, 27-26, со што охриѓани сериозно влегуваат во борба за второто место на табелата. Ова е вторпат сезонава Еурофарм Пелистер да загуби среде Битола во првенството, откако претходно тука триумфираше и Вардар.

Сега Охрид има 42 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер, и двата тима се на делба на второто место. Охриѓани имаат две победи во меѓусебните дуели, а им останува уште едне меч, кој треба да се игра во Охрид.

Двете екипи има свои „пет минути“ во кои водеа, ни ниту еден тим не направи поголема разлика за да може да се одвои. На полувреме домаќините водеа со 13-11, па изгледаше дека лесноќе се справат со охриѓани. Но, не беше така на терен. Рано останаа домашните без Осусама Хосни кој во првото полувреме доби директен црвен картон, па мораа без него да играат.

Во последните пет минути од мечот Никола Митревски го одбрани пеналот на Ален Ќосевски, и резултатот остана 23-23. Со играч помалку, Жарко Пешевски се избори за пенал, а Филип Кузмановски го релизираше за водство 24-23. На спротивната страна Дарко Ѓукиќ исто така од пенал погоди за ново израмнување 24-24.

На три минути до крај Пилиповиќ муодбрани удар на Кузмановски, а во полуконтра Лиапис му носи ново водство на гостинскиот тим, и на 2,5 минути до крај Стефче Алушовски побара тајмаут, при водство на Охрид од 25-24.

Гостите останаа без капитенот Гоце Ојлески кој доби директен црвен картон во 58 минута, по фаулот врз Видомски. Еурофарм Пелистер во клучните моменти ќе има играч повеќе кога се решава мечот. Жарко Пешевски брзо реализира за израмнување, а тренерот на Охрид го бара својот тајмаут за да го намести нападот.

Анте Иванковиќ на почетокот на 60. минута погоди за ново водство, а Видомски веднаш возврати. Потоа Стрмљан во последните секунди во агол испрати проектил со кој донесе триумф.

Во следното коло Еурофарм Пелистер има тешко гостување во Автокоманда, додека Охрид е домаќин на Тиквеш.

 

Share on Facebook

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ 55.290.290 ДЕНАРИ ЗА ВЛТ ДОБИВКИ ВО МАРТ

Авор: Редакција
| 6 април 2026
11:14
Share on Facebook

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 55.290.290 денари на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026.

Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Во март имавме:

  • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 25.068.342 денари
  • 16 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 23.212.191 денари
  • МИНИ џекпот добитници → играчите заедно поделија 7.009.757 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Само за потсетување, минатата 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ПРЕМИУМ, РОЈАЛ, СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот!

Share on Facebook

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Mонпелје го чисти патот до двомеч со Вардар, Мелсунген по спас на сезоната

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
12:12
Share on Facebook

Денеска на програмата ќе бидат реваншите од осминафиналето на Лигата на Европа во Германија, Норвешка и Хрватска.

Фленсбург и Монпелје ја завршија работата уште на првите пресметки со Архус и Елверум, откако славеа со 38-32, односно 36-24.

Интересно треба да биде на дуелите меѓу Нексе и Кристијанштад, откако хрватскиот вицепрвак славеше на гости со 36-34, како и на во Мелсуген, аде тимот на Парондо ќе треба да брка негатива од шест гола на двојот со Фредериција.

Вардар ќе игра со францускиот Монпелје во четвртфиналето на Лигата на Европа, ако не се случи чудо во Норвешка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ФЛЕНСБУРГ – АРХУС
18:45 ЕЛВЕРУМ – МОНПЕЛЈЕ
20:45 НЕКСЕ – КРИСТИЈАНШТАД 
20:45 МЕЛСУНГЕН – ФРЕДЕРИЦИЈА

Share on Facebook

Два женски пара ќе и судат на Македонија

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
17:17
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последните две кола од квалификациите за ЕП 2026.

Македонија ја очекуваат домашен натпревар против Германија на 8 април и гостувањето кај Словенија на 12 април.

ЕХФ ги делегираше Италијанките Симона Станку и Алехандра Пепе за пресметката со Германија во СЦ „Борис Трајковски“, а делегат ќе биде Сиврикаја од Турција.

На последниот натпревар против Словенија, правдата ќе ја делат Босанките Татјана Праштало и Весна Балван, додека делегат ќе биде Јанка Стасова од Словачка.

Македонија е во трка за место на ЕП 2026, а повеќе детали како нашите ракометарки можат до ново големо натпреварување прочитајте ТУКА.

Share on Facebook

Познати учесниците на Ф4 во СЕХА лигата – еве кои екипи ќе се борат за трофеј

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
21:24
Share on Facebook

Се комплетираа четвртфиналните парови во Дивизијата Исток на регионалната СЕХА лига што се игра на терените во Русија и Белорусија, па познати се екипите што ќе се борат за трофејот.

Две руски екипи – Зенит и Виктор Ставропол, како и две белоруски екипи – Мешков Брест и СКА Минск ќе играат на завршниот турнир.

Тој е закажан за 13 и 14 јуни во салата „Викторија“ во Брест, каде што и во минатото се одржувале завршни турнири во оваа конкуренција.

Во првото полуфинале ќе се соочат екипите на Мешков Брест и СКА Минск, додека во втората полуфинална битка ќе играат Зенит и Виктор.

Share on Facebook

Шок за данскиот првак: Кнор и Арнолдсен стрелаа 24 пати, ама Алборг загуби!

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
00:00
Share on Facebook

Иако двете ѕвезди на Алборг, Јури Кнор и Томас Арнолдсен, постигнаа дури 24 голови Алборг доживеа неочекуван пораз од Фредериција на стартот на плеј-офот во данскиот шампионат.

Во натпревар од првото коло, Алборг имаше контрола во првото полувреме и на паузата замина со предност од три гола. Сепак, во вториот дел следуваше целосен пресврт, домаќините ја преземаа иницијативата и на крајот славеа во ефикасен дуел со 41-36.

Најефикасен кај поразениот тим беше Јури Кнор со 13 голови, додека Томас Арнолдсен додаде уште 11. Кај победникот се истакна Мадс Кјелгорд со десет погодоци.

Во вториот натпревар од групата 1 во плеј-офот, ГОГ Гудме направи пресврт на гости против Скјерн и славеше со 35-34, иако на полувреме губеше со 19-14.

По ова коло, Гудме се наоѓа на врвот на табелата со три бода, пред Фредерициј“ и Алборг кои имаат по два, додека Скјерн останува на дното без бодови.

Share on Facebook