По пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид им се враќаат на домашните обврски.
Охриѓани ги очекува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер во дербито од 4 коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Десниот бек на „гладијаторите“, Томислав Јагуриновски, го најави двобојот во Битола.
„Не очекува тежок мел во среда со Еурофарм Пелистер, во нашиот густ распоред и неколку тешки натпревари во серија, ќе пробаме да се подготвиме најдобро што можеме, да го дадеме максимумот и да ја израдуваме нашата публика“, изјави Јагуриновски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.

























