Моралес пред гостувањето во Битола: Имаме шанси за победа

По пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид им се враќаат на домашните обврски.

Охриѓани ги очекува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер во дербито од 4 коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Дефанзивецот Ориол Реј Моралес го најави мечот во Битола.

„Нè очекува тежок натпревар во еден од одлучувачките моменти од сезоната. Станува збор за дуел меѓу два квалитетни тима. Со добра подготовка и менталитет, имаме шанса да стигнеме до победа“, вели Моралес.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.