Столе Стоилов го „скенираше“ својот нов клуб

Легендарниот македонски репрезентативец Стојанче Стоилов, веќе ја гради својата тренерска кариера, а по работата во Вардар и во националниот тим, од лето ќе седне на кормилото на Бутел Скопје.

Стоилов беше присутен на трибината во салата „Антон Димитров“, каде го следеше неговиот нов клуб на дуелот со „сино-белите“ од Автокоманда.

На промоцијата Стоилов најави дека и натаму концептот на Бутел Скопје ќе биде работа со млади македонски ракометари, но дека костурот на ракометари од оваа сезона ќе биде задржан.

Овој стабилен суперлигаш, осма сезона е дел од елитната конкуренција во Македонија и осмипат игра во плеј-офот, односно разигрувањето за титулата, а четири пати беше дел од европските купови.