Спартак со цел плен од Битола – ја продолжува трката за Европа!

Ракометарките на Спартак славеа на гостувањето кај Пелистер во Битола со 26-25 и освоија важни бодови во битката за местото во ЕХФ Европскиот Куп.

Спартак сега има пет победи во пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига, собра 12 бодови и сега е на шестото место, но достижни се третиот Вардар со 20 и Куманово, кој е на четвртата позиција со 17 бода.

Гостинките во Битола водеа со 13-7, на десетина минути до крајот беше и 24-19, но упорните битолчанки кога остануваа уште пет секунди намалија на минус еден. Сепак немаше време за нешто повеќе и Спартак ги освои бодовите.

Сузана Зечевиќ даде осум гола за победничкиот тим, додека Анастасија Тодоровска беше стрелец на десет за битолчанки.