ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Во Битола почнува новото плеј-аут коло – гостува Струга

Денеска со натпреварот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Струга ќе стартува 4 коло во суперлигашкиот плеј-аут.

Битолчани по поразот кај Куманово ќе сакаат камбек на победничките патеки, а стружани исто така беа поразени во првите три кола од разигрувањето за опстанок.

Еурофарм Пелистер 2 е втор на табелата со 23 бодови, додека Струга е претпоследна на табелата и досега собра седум бодови.

Покрај дуелот во Битола, на европските терени ќе бидат активни дел од македонските интернационалци – Филип Арсеновски, Сања Дабевска, Михајло Младеновиќ…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ФИВЕРС – ХОЛАБРУН (АВСТРИЈА)
20:00 БОР – НАИСА НИШ (СРБИЈА)
20:30 ИВРИ – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)