Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави списокот на ракометари што ќе играат на Медитеранското првенство во Словачка.
Кузманоски ќе смета на 18 ракометари, меѓу кои и еден интернационалец – Андреја Угреновиќ од германскиот Ерланген, а има и пет резерви во случајот некои од повиканите да не може да одговори на повикот.
Медитеранското првенство се игра во градот Шаморин, а ќе започне на 13 април и ќе биде добра проверка за можностите пред Европското првенство на лето во Србија.
По настапите на ова првенство, кадетите ќе настапат и на Светското првенство за училишен ракомет во Скопје од 21 до 29 април.



























