Познати судиите за 4 коло од суперлигашкиот плеј-оф и плеј-аут

Со ждрепка во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа одредени официјалните лица за наптреварите од 4 коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид што ќе се игра на 8 април.

На гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш, на Вардар ќе му судат Глигор и Спаско Ќаеви, додека пресметката меѓу Бутел Скопје и „сино-белите“ од Автокоманда ќе ја судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Браќата Методија и Михајло Илиевски ќе се погрижат за арбитражата на мечот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Струга.

Супер лига, 3 коло, плеј-оф/аут:

Еурофарм Пелистер – Охрид (Николов/Начевски)
Бутел Скопје – Алкалоид (Металари/Николовски)
Тиквеш – Вардар (Ќаев/Ќаев)
Еурофарм Пелистер 2 – Струга (Илиевски/Илиевски)
Радовиш – Куманово (Георгиевски/Георгиевски)
Пролет – Прилеп (Андонов/Вукашиновски)