ЅВЕЗДА НА 18. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – РОСАНА ПАВЛОВА (КУМАНОВО)

Десното крило на Куманово, Росана Павлова, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 18. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Вардар и беше меѓу клучните ракометарки за победата со осум голови.

Павлова го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 66% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 18. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Чаир, Емилијана Ризоска и Билјана Дамчевска.