Хенигман верен на Еурофарм Пелистер – останува во Битола до 2027!

Словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман и наредната сезона ќе ги брани на шампионот Еурофарм Пелистер.

Иако имаше интерес од други екипи, Хенигман ја продолжи верноста кон битолчани и ќе го носи зелениот дрес до 2027 година.

„Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе се потпре на словенечката класа и професионалност на Ник Хенигман. Клубот потпиша продолжување на договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Во Хенигман гледаме харизматична додадена вредност на нашиот ростер и, иако во нашиот клуб е само една сезона, чувствуваме како долго да сме заедно. Хенигман дојде во Битола минатото лето, го освои Суперкупот на Македонија, играше во континуитет во Суперлигата и Лигата на шампионите, а во меѓувреме е незаменлив и во словенечката репрезентација“, се вели во објавата на клубот.

Пред да дојде во Македонија, Хенигман играше за Рибница (Словенија), ПИК Сегед (Унгарија) и Сен Рафаел и Шарт (Франција).