Комплетиран Ф4 во Купот – Ѓорче Петров ќе го брани трофејот!

По Чаир, Спартак и Пелистер, екипата на Ѓорче Петров e четвртиот учесник на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Во последниот четвртфинален дуел, Ѓорче Петров славеше против Ѓорче Петров 2 со убедливи 15 гола разлика, 37-22.

На паузата беше 19-10, а вториот дел беше само формално одработување на натпреварот меѓу сестринските екипи на кој му претходеше свечен настан.

Ѓорче Петров одбележа посебен клупски ден – признание за вториот тим и за младите категории

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Eмилијана Ризоска со седум и Армина Исиќ со пет гола, а кај Ѓорче Петров 2, Бојана Георгиевска, Ева Ѓорѓиевска и Марија Димоска стрелаа по четири пати.

Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одигра од 17 до 19 април во Струмица, а полуфиналните двојки кај дамите ќе бидат познати в среда.