Немаа илузии гостите од Кавадарци дека во Автокоманда можат да нарават нешто „големо“, а крајниот резултат, 40-25 покажува и кој бил фаворит и ја оправдам таа улога. Тиквеш со „минус 15“ се враќа од Автокоманда, а Кирил Лазаров го доби „дуелот на селекторите“.
На едната страна селекторот Лазаров кој ги предводи машките сениори, а другата Грчевски кој е на клупата на жените. Немаше дилеми како ќе заврши средбата со оглед на местото на табелата на двете екипи. Иако се во плејоф, домашните од Автокоманда се борат да останат во игра за третото место, и сега заостануваат два бода во однос на Охрид кој има имеч помалку.
Во 20 минута предноста е „двојна“ 14-7 за сините,. Предноста од десет гола првпат ја направија домаќините во 39 минута кога поведоа со 25-15. Намалија на седум гостите, па „сините“ повторно додадоа „гас“ и на крај резултатот беше 40-25.
Никола Костески со 8 гола и Ненад Костески со седум беа најефикасни во домашниот тим. Кизиќ имаше одбрани. Кај Тиквеш, по 6 гола дадоа Томче Стојановски и Димитар Коцев.


























