Следното издание на Трофеј на Македонија и сезонава ќе биде во женска конкуренција и повторно ќе се игра во Охрид.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов ги објави и репрезентациите кои доаѓаат на овој турнир.
Во Охрид ќе дојдат репрезентациите на Србија, Црна Гора и на Хрватска, со што овој турнир ќе биде и „мини“ Балканско првенство. Сите репрезентации играат во завршниците на големите натпреварувања и дополнително го зголемуваат квалитет на турнирот.
Трофеј Македонија повторно треба да се одржи во септмеври во рамките на ЕХФ неделата.
Лани по долги години беше возобновен турнирот, и побендик беше Македонија, а настапуваа репрезентацитена Египет, Тунис и Грција.
УБАВА ВЕСТ: Клубовите ќе добијат „плус пари“ од државата месецов


























