Петриќ: Ако ја затвориме бековската линија на Олимпијакос, ќе го добиеме мечот

Ракометарите на Охрид ги очекува првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот Олимпијакос.

Левиот бек на „гладијаторите“ Стефан Петриќ вели дека ривалот е анализиран и знаат од каде доаѓа најголемата опасност.

„Веќе ја анализираме екипата на Олимпијакос и да се подготвуваме тактички на тренинзите. На секоја позиција имаат добри играчи на кои мораме да обрнеме посебно внимание. Нашите очекувањата се да дадеме максимум на првиот меч, за да ни биде полесно во реваншот на домашен терен. Среќа што реваншот го играме дома,  очекувам дека салата ќе биде исполнета до последно место и тоа ќе ни даде голем ветар во грб. Најголема опасност ни доаѓа од бековската линија на Олимпијакос, имаат по еден врвен играч на секоја бековска позиција. Ќе пробаме да им го затвориме најсилното оружје и да го добиеме мечот“, изјави Петриќ.

Првиот натпревар меѓу Олимпијакос и Охрид се игра во Атина на 29 март од 16:00 часот.