Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 18. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 18. коло има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Супер женска лига, 18. коло, резултати:
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл.
ЧАИР – СПАРТАК 30-25
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО 38-20
КУМАНОВО – ВАРДАР 33-24
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 18. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Билјана Дамчевска (Чаир) – Една од најдобрите ракометарки на Чаир и против Спартак ги покажа своите квалитети.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка имаше одлична партија и беше меѓу предводничките во триумфот над Астибо.
Росана Павлова (Куманово) – Поранешната младинска репрезентативка беше меѓу клучните ракометарки кога се градеше предноста за победа над Вардар.
























