МВП НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ВАСИЛИЈЕ ПЕЧУРИЦА (ТИКВЕШ)

Голманот на Тиквеш, Василије Печурица, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 2. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Печурица беше меѓу најзаслужните за триумфот на домашниот натпревар против Бутел Скопје, кој беше важен во битката за петтото место во плеј-офот.

Тој освои 58% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Никола Цветаноски, кој освои 19% од гласовите.

Номинирани за МВП на 2. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Марко Митев, Милан Лазаревски, Баптист Одифред, Дарко Ѓукиќ и Давор Палевски.