Македонците најдобри стрелци – комбинираа 23 гола, Аполда го држи врвот

Тимот на Аполда, каде што тренер е Игор Тоскоски, а каде што играат тројца македонски интернационалци реди победи во Германија.

Аполда славеше на последното гостување кај Веимар со 28-25 во една од регионалните лиги во Германија.

23 гола од 28 на Аполда беа дел на Македонците – Дејан Гошевски погоди 13 пати, Христијан Милошески постигна шест, а Пеце Ѓорѓиески стрелаше четири пати.

Аполда е на врвот на табелата со 34 бодови, додека на второто место со 31 бод е тимот на Сул, каде играат двајца Македонци – Јане Јанчев и Ангелче Органџиев.