Осум точки на дневен ред – денеска ќе се одржи редовното годишно Собрание на РФМ

Ракометната федерација на Македонија закажа Редовно годишно собрание за денеска од 11:00 часот.

На дневниот ред има осум точки, а шестата точка е извештајот за работата на РФМ за периодот од март 2025 до март 2026.

Помина една година откако Александар Стефанов стана прв човек на македонскиот ракомет, па пред присутните ќе биде презентиран извештајот за сработеното во изминатиот период.

Собранието ќе започне од 11:00 часот во просториите на Советот на Град Скопје.