Двајцата искусни унгарски ракометари, Роланд Миклер и Ричард Бодо, на лето ќе си заминат од ПИК Сегед.
Според „RTHandball“, Бодо е на прагот на Татабања, додека голманот Миклер би можел да го засили амбициозниот Ѓер.
ПИК Сегед го договори вардарецот Дмитро Горига на левата бековска позиција, па нема да ја продолжи соработката со Бодо, а таму е уште и Борут Мачковшек.
На лето во ПИК Сегед би требало да дојде Никола Портнер, кој заминува од Магдебург, па би сочинувал трио со Тобијас Тулин и младиот Атила Радвански.

























